Елиф Елмас се уште е без меч како стартер за Наполи во Калчо-лигата откако македонскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме при денешниот триумф над Фиорентина од 6-0. Македонскиот репрезентативец денеска влезе во игра во 72. минута на местото на Зиелински, минувајќи на теренот дваесетина минути за тимот на Џенаро Гатузо.
„Наполитанците“ рано го отворија натпреварот поведувајќи преку Инсиње, а мора да се истакне дека при резултат 1-0 гостите од Фиренца пропуштија неколку одлични шанси, еднаш погодувајќи ја и гредата од голот на Оспина. Деме го скрши отпорот на „виолетовите“ со гол за 2-0, а веднаш потоа Лозано зголеми на 3-0 по извонредната соло-акција и асистенција на Инсиње.
Зиелински со прецизен удар до далечина донесе водство од 4-0, за во вториот дел конечните 6-0 да ги постават Инсиње и Политано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА