Елмас и Наполи ќе ја одредат вечерва судбината на Пирло!

Дуелот што требаше да се одржи во октомври минатата година беше откажан поради коронавирус во тимот на Наполи, а во еден момент беше регистриран со 3-0 во корист на „Старата дама“. Сепак, оваа одлука беше повлечена и беше наредено да се игра нов натпревар, а екипите се согласија 7 април да биде датумот кога ќе се игра овој дуел.

Јувентус игра навистина слабо оваа сезона. Андреа Пирло трпи жестоки критики на клупата па лесно може да се случи вечерашниот натпревар да биде последен за него на клупата на „Старата дама“.

Доколку Јуве го загуби натпреварот, управата на тимот од Торино најверојатно ќе му се заблагодари на Пирло, а тимот би можел да го води неговиот помошник Игор Тудор до крајот на сезоната. Исто така, во италијанските медиуми се појави информација дека Масимилијано Алегри може повторно да седне на клупата на торинскиот гигант.

Се вчитува...