Наполи „киксна“ со Специја, Милан лесно со Емполи (ВИДЕО)

Наполи загуби на домашен терен од Специја со 0-1 во натпревар од 19. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент се случи во 37. минута кога Жезус си постигна автогол. Иако беше веројатно најдобриот фудбалер на „наполитанците“ во дербито против Милан, Елиф Елмас доби шанса дури во 78. минута што беше веројатно голема грешка на Лучијано Спалети на овој натпревар, која на крајот го чинеше и пораз.

Милан стигна до лесен триумф на гостувањето кај Емполи со 2-4. Кеси со два гола и по еден на Флоренци и Хернандез беа творци на победата на „росонерите“ додека Бајрами и Пинамонти беа стрелци на головите за домаќините.

 

 

Се вчитува...