Наполи му нуди 7 милиони евра по сезона на Кавани за да се врати на „Сан Паоло“

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го врати уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани на „Сан Паоло“ во летниот преоден рок. Тој ќе биде слободен агент со оглед дека му истекува договорот со Пари Сен Жермен, а претседателот Аурелио де Лаурентис е подготвен да му понуди 7 милиони евра по сезона за да го врати во клубот од каде и замина во 2013 година.

Уругваецот во периодот од 2010 до 2013 година за Наполи настапи на 104 натпревари и постигна 78 гола.

Атлетико Мадрид имаше начелен договор да го добие Единсон Кавани ова лето, но прашање е дали трансферот сега би се реализирал по најновата финансиска криза што ја донесе коронавирусот. Шпанскиот клуб им ги намали платите на фудбалерите за 70% додека трае кризата. Интерес за Кавани покажуваат и Манчестер Јунајтед, Челси и Јувентус.

Се вчитува...