Наполи немилосрден со Специја, половина час за Елмас (ВИДЕО)

Наполи славеше убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Специја во 21. коло од Серија А, дополнително зацврстувајќи се на лидерската позиција.

„Наполитанците“ не беа ефикасни во првото полувреме, но само што стартуваше вториот дел веќе во 47. минута Грузиецот Кварацхелија од пенал донесе предност од 0-1.

Македонскиот репрезентативец во игра влезе во 63. минута од средбата, за да потоа во 68. и во 73. минута следат два погодоци на Осимхен за конечни 0-3.

Наполи сега е со 56 бода на врвот, дури 16 бода предност пред Интер и Рома кои имаат по 40 бода.

Се вчитува...