Наполи одби понуда од 30 милиони евра од Германија за Елиф Елмас!

Наполи одби понуда од Лајпциг за услугите на Елиф Елмас. Сумата која германскиот клуб бил подготвен да ја плати како отштета изнесувала 30 милиони евра, кои биле недоволни за Аурелио де Лаурентис да го пушти македонскиот репрезентативец во редовите на германскиот тим.

Елмас во првото коло од Серија „А“ почна од клупата и влезе во игра во последните 15 минути. Лајпциг сметаше дека ќе го добие Македонецот, откако ова лето ги загуби Конрад Лајмер и Доминик Собослаи, кои се преселија во Баерн Минхен, односно во Ливерпул.

Од друга страна, пак, Наполи сака да го продолжи договорот со Елмас кој е до 2025 година. Според италијанските медиуми, наводно македонскиот фудбалер засега одбива да го продолжи договорот со тимот од Неапол, иако преговорите ќе продолжат и во следниот период.

Се вчитува...