Наполи остана без уште еден клучен првотимец

Наполи загуби два исклучително важни бода на гостувањето против Сасуоло, но уште поголеми се проблемите со кои тренерот Лучијано Спалети се соочи по повредите на уште неколку важни првотимци.

Најлошо од сите мина дефанзивецот Кулибали, кој има скинат мускул и дефинитивно нема да може да се врати на терените до крајот на годинава. Ако на тоа се додаде дека Сенегалецот на почетокот од 2022 година ќе отпатува на Купот на Африкански Нации, јасно е дека Спалети ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар дефанзивец околу два месеци. Само за потсетување, најмалку три месеци ќе изнесува паузата на најдобриот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен.

Подобра дијагноза од Кулибали по вчерашните повреди добија Лоренцо Инсиње и Фабијан Руиз, врз овие двајца стандардни првотимци в сабота ќе бидат извршени нови прегледи, но „наполитанците“ не ја отфрлаат можноста тие да можат да се вратат на теренот веќе викендов, на дерби-дуелот со Аталанта.

Се вчитува...