Наполи победнички со Болоња, 15 минути за Елмас (ВИДЕО)

Наполи триумфираше против Болоња со 3-1 во 26. коло од Серија А, продолжувајќи ја трката за водечките четири позиции на табелата кои носат место во Лигата на шампионите следната сезона.

Наполитанците победата ја најавија со голот на Инсиње уште во 8. минута од натпреварот.

 

Во второто полувреме Осимхен во 65. минута зголеми на 2-0.

Откако Соријано во 73. минута намали на 2-1, во 76. минута Инсиње заокружи за конечни 3-1.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 79. минута, одигрувајќи ги последните 15 минути на дуелот вклучувајќи го и судиското продолжение.

Се вчитува...