Наполи рутински против Сасуоло

Наполи стигна до шестата победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи го на домашен терен Сасуоло со 2-0. Тимот на Карло Анчелоти домонираше, а уште во третата минута обезбеди предност преку Оунас.

Во вториот дел, Лоренцо Инсиње постигна втор погодок во 72.минута, по што беше јасно дека бодовите ќе останат во Неапол. Во финишот, Сасуоло остана и со играч помалку поради исклучувањето на Роџерио.

Се вчитува...