Наполи славеше над Беневенто, Елмас влезе од клупата како „лажна деветка“

Елиф Елмас влезе во игра во 82. минута од вечерашниот дуел меѓу Наполи и Беневенто на кој „наполитанците“ славеа со 2-0, барем за момент намалувајќи го притисокот што се создаде врз тренерот Џенаро Гатузо по елиминацијата од Лигата на Европа.

Дрис Мертенс по подолга пауза се врати во стартниот тим на „сино-белите“ и веднаш се запиша меѓу стрелците, носејќи го Наполи во водство во првото полувреме. Конечните 2-0 ги постави Политано, кого топката го удри во градите по ударот на Ди Лоренцо и заврши во мрежата.

Наполи на десетина минути до крајот остана со играч помалку по црвениот картон на Кулибали, по што Гатузо го внесе во игра Елмас како „лажна деветка“ на местото на Мертенс.

Се вчитува...