Наполи во четвртфинале, 70 минути за Елмас… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 70 минути во осминафиналната победа на Наполи против Емполи од 3-2 во Купот на Италија.

Наполи до победата дојде со голот на Петања во 77. минута од средбата.

 

Елмас во 70. минута беше заменет од Руиз при резултат од 2-2.

Во четвртфиналето Наполи на 21. јануари ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Рома и Специја.

Се вчитува...