Наполи во потрага по замена за Инсиње – решението ќе се бара во Шпанија?

Белгискиот фудбалер Аднан Јанузај од лето би можел да ја продолжи кариерата во Италија, откако Наполи влезе во преговори со Реал Сосиедад. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед веќе пет години е на „Аноета“ каде на лето му истекува договорот и би се очекувало да ја промени средината.

Според „Кориере дело спорт“, Јанузај би требало да пристигне на стадионот „Диего Марадона“ на лето како замена за Лоренцо Инсиње, кој од 1 јули ќе се пресели во Торонто.

Андан важи за супер талентиран фудбалер, а својот потенцијал досега успеа да го покаже и во Анчлија.

Се вчитува...