Наполи заинтересиран за „светлата точка“ на Арсенал

Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал оваа сезона, Киран Тирни се наоѓа на листата на желби на Наполи. Италијанскиот состав беше заинтересиран за левиот бек уште на самиот почеток на сезоната, а се чини дека овој трансфер период ќе отвори разговори со „топчиите“.

Левиот бек оваа сезона одигра 22 натпревари, забележа две асистенции и претставува еден од најпродуктивните бекови во Премиерлигата, а неодамна се запиша и во листата на стрелци на гостувањето кај ВБА. Неговиот договор со Арсенал истекува летото 2024 година па јасно е дека доколку Италијанците сакаат да го доведат во своите редови треба да издвојат сериозна сума за репрезентативецот на Шкотска.

Во моментов на бековската позиција во Наполи неприкосновен е Марио Руи, неговата замена Фози Гулам не добива прилика, но тоа набргу би можело да се промени.

Се вчитува...