„Наполитанците“ го прегазија и Калјари

Наполи ја оствари и седмата победа во Серија А оваа сезона продолжувајќи го максималниот ефект. Тимот на Маурицио Сари славеше убедлив триумф над Калјари (3-0) на домашен терен.

Марек Хамшик уште во четвртата минута го отвори резултатот, а Мертенс од пенал зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел. На самиот почеток на второто полувреме Кулибали постигна трет погодок за Наполи, по што беше јасно дека трите бода остануваат за домаќинот.

Се вчитува...