Наполитанците предвидуваат блескава кариера на Елмас: Наскоро ќе го видите вистинскиот дијамант!

Пандемијата на коронавирусот го спречи се поотворениот фудбалски раст на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во дресот на Наполи.

Момчето, кое од Фенербахче пред една година пристигна во Неапол, за краток период потврди дека во блиска иднина може да биде новата ѕвезда на Серија А. Сето тоа сега го потенцираат и дел од локалните медиуми од Неапол кој најавуваат дека Елмас ќе биде дел од стандардните 11 во тимот на Џенаро Гатузо по рестартот на сезоната.

„Во сезоната во која Наполи имаше многу проблеми едно од најпозитивните нешта е Елиф Елмас кој под палката на Гатузо покажа една сериозна фудбалска нишка со исклучително висок квалитет на теренот, а во конкуренција на бројни ѕвезди во тимот. Сепак, тој е ‘отровот’ за противниците кој му е неопходен на Гатузо. Донесе победа со Сасуоло, постигна гол против Сампдорија доминирајќи на теренот, а на секој натпревар се повеќе е лидер на средината од теренот. Сето ова е само најава дека дијамантот наскоро ќе засјае со сиот свој сјај. Иднината е пред него, лесно може да биде новиот владетел на Серија А“ – пишува локалниот „Гет италијан“.

Се вчитува...