Наследникот на Мбапе во ПСЖ доаѓа од Премиерлигата

Летниот трансфер рок е на прагот да направи тектонски промени на фудбалската карта на Европа. По преминот на Лео Меси во редовите на ПСЖ, на пет дена пред крајот трансфер рокот, активни се и „случаите“ Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец сака по секоја цена да замине во редовите на Реал Мадрид, а се поверојатно е дека истото ќе се случи веќе ова лето со оглед на тоа што договорот на младиот играч со „светците“ истекува следната година и тогаш ќе може да замине како слободен играч.

И покрај тоа што постојат шпекулации дека заменик на 22-годишникот во ПСЖ ќе биде токму Кристијано Роналдо, медиумите на „Островот“ велат дека доколку Мбапе го напушти ПСЖ, неговата замена ќе биде фудбалерот на Евертон, Ричарлисон.

Бразилецот кој во Премиерлигата се наметна како еден од најдобрите напаѓачи, полека се наметнува и како лидер на бразилската репрезентација која ја предводеше на Олиписките игри до златен медал со пет гола и една асистенција на шест одиграни средби.

Се вчитува...