„Новиот Велковски“ во Вардар доаѓа од Брегот на слоновата коска

Вардар мораше да се активира на пазарот по неочекуваното заминување на Дарко Велковски, па „црвено-црните“ денеска го официјализираа доаѓањето на нов дефанзивец кој ќе треба да го заземе местото во тимот што му припаѓаше на актуелниот македонски репрезентативец.

Сирики Дијабате е нов член на македонскиот првак откако 23-годишниот дефанзиввец денеска потпиша договор со скопските „црвено-црни“ и се очекува во наредните денови целосно да се стави на ррасполагање на стручниот штаб.

Дијабате е висок 192 сантиметри и со својата физичка подготвеност треба да донесе цврстина во играта на „вардарци“. Тој доаѓа од катарскиот второлигаш Муатер, а пред Катар настапуввал во бугарскиот шампионат, за екиппте на Ботев Враца и за Ботев Пловдив.

Се вчитува...