Наследникот на Везенков во Олимпијакос пристигна од Алба

Олимпијакос ја заврши потрагата по нов крилен центар кој би го заменил Саша Везенков, откако грчкиот првак денеска потпиша договор со Лук Сигма, 34-годишниот американски кошаркар кој пристигнува од таборот на Алба Берлин.

Прва желба на „црвено-белите“ од Атина беше Никола Миротиќ, но откако преговорите со асот на Барселона се искомпликуваа вниманието беше насочено кон Сикма, со кого денеска беше потпишан договор за двогодишна соработка.

„Сакаме да му посакаме добредојде на најновиот член на нашето семејство, Лук Сикма“, објави Олимпијакос.

Сикма минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 5,3 скокови и 4,9 асистенции по натпревар.

Тој е третото засилување засилување на Олимпијакос летово, по потписите со Никола Милутинов од ЦСКА Москва и Најџел Вилијамс Гос од Реал Мадрид.

Се вчитува...