Најдобрата македонска фудбалерка на сите времиња, Наташа Андонова е нов член на швајцарскиот шампион Сервет.
Официјалниот трансфер на најискусната македонска репрезентативка денеска го потврди тимот од Женева. Андонова пристигнува во Швајцарија со богато интернационално искуство зад себе. Таа претходно настапуваше за европските гиганти Барселона и Пари Сен Жермен, а нејзин последен клуб беше шпанскиот Леванте Лас Планас.
Со овој потпис, најдобрата фудбалерка во историјата на македонскиот фудбал се враќа на големата сцена. Нејзиниот нов клуб Сервет го очекуваат квалификации за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
