Натпреварите во Серија А во чест и сеќавање на Марадона: Интер триумфално со Сасуоло

Интер без никакви проблеми убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Сасуоло во 9. коло од Серија А, на натпреварите кои викендов во Италија се во знакот и на Диего Армандо Марадона.

„Нераѕурите“ победата ја најавија уште во 4. минута со голот на Санчез, а во 14. минута Кирикеш донесе предност и од 0-2. Гаљардини во 60. минута ги постави конечните 0-3.

Интер, по оваа победа, дојде на само два бода од водечкиот Милан кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...