„Натпреварот на Сан Сиро беше биолошка бомба – тука се почна…!“

Италијанскиот пулмолог од Бергамно, Фабијано Ди Марко откри дека, согласно сите анализи и испитувања, натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија на „Сан Сиро“ во Милано бил клучниот за огромната зараза со коронавирусот во неговиот град.

„Знаев дека сме пред катастрофа уште на 1. март кога рано наутро влегов во собата за итни случаи и видов сцени кои никогаш нема да ги заборавам. Тоа беше војна… Имаше пациенти насега со запаление на белите дробови кои се бореа за воздух. Буквално сите простории во болницата беа преполни. Владата беше потполно во паника. Првата смрт дојде веќе по два дена, а потоа следеше хаосот. Сега имаме 15 до 20 мртви на ден“ – вели Ди Марко, според кого се започнало од тој натпревар во Милано на кој присуствувале 40.000 негови сограѓани од Бергамо.

„Тој меч беше на 19. февруари, а 40.000 лица од Бергамо беа на тој натпревар. Тоа беше биолошка бомба за жал. Од тука се почна, и ете не можеме се уште да се справиме“ – истакнува италијанскиот пулмолог.

Токму Милано и Бергамо се двата најзагрозени града во Италија.

Се вчитува...