Азербејџан „генералка“ за Македонија пред квалификациите за ЕП 2024!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денеска во 14 часот ќе има можност за последен пат да ги „склопи коцките“ за следните тешки предизвици кои ги очекува македонската селекција, а тоа се квалификациите за пласманм на ЕП 2024 година. Сите грешки и сите тактички варијанти ќе треба да се пробаат денеска, со оглед дека од март натаму Македонија ќе нема право на грешка, ако сака уште еднаш да се пласира на ЕВРО.

А, противник на македонската селекција денеска ќе биде Азербејџан. Шанса да се победи и да се зголеми самодовербата, но и шанса да се прекине лошата серија без победа која трае четири натпревари (Грузија, Бугарија, Саудиска Арабија и Финска).

Со нешто изменет тим од последниот меч со Финска, Македонија денеска ќе излезе на мегдан со Азербејџанците. Сигурно ќе ги нема Алиоски и Миовски кои откажаа поради семејни причини и поради болест, а сигурно дека некои од оние кои беа на теренот 90 минути со Финците, ќе го почнат мечот од клупата денеска.

Благоја Милевски, селекторот на Македонија, кажа дека и овој тест со Финска, како и оној со Азербејџан, се квалитетни тестови пред стартот на ваклификациите.

„Инсистирав на овој тип противници како Финска и Азербејџан за да максимално се подготовките за сите можни варијанти низ следниот квалификациски циклус. Финска е одлична европска репрезентација која доаѓа од вториот шешир селекции по квалитет во Европа, а Азербејџан е одличен колектив кој ќе ни овозможи уште еден квалитетен тест. Желбата е до стартот на квалификациите да се согледаат сите слабости во играта, и комплетно да се креира тимот кој ќе го понесе товарот. Промени во составот во однос на оној против Финска, сигурно ќе има. Имаме добра анализа на противникот и сите во тимот веруваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат на мечот со Азербејџан“, рече Милевски.

Азербејџан во Скопје дојде со познато име на селекторската клупа. Џани де Бјази, искусниот италијанец веќе има еден дуел со Македонија кој го реши во своја корист, кога беше селектор на Албаниија. Де Бјази ја цени репрезентацијата на ашата земја, и верли дека многу созреала последните години.

„Македонија е многу квалитетен тим, има играчи кои играат во добри екипи. Тоа е смела репрезентација. Го гледавме дуелот и победата со Италија и тој историски подвиг на вашата селекција. Знаеме со каков квалитет располага Македонија и ќе ни биде многу тешко. Се сеќавам на Алиоски кој тогаш беше офанзивец. Посебно се сеќавам на дуелот во Скадар кој се играше во два дена и кога загубивте со гол во последните минути. Таа Македонија беше млада и созреваше, а оваа сега е на високо ниво. Ќе се навратам тој дуел со Италија. И тие не веруваа во победа во Палермо, но го оставија срцето на терен. Македонија е пример за сите мали селекции дека чудата се можни“, вели Де Бјази.

Дуелот започнува во 14 часот, а сите интересни моменти следете ги на ЕКИПА.

Се вчитува...