Научи го Алиоски што е офсајд – дел од „Рапсодија Биелса“ (видео)

Марсело Биелса е херој на навивачите на Лидс јунајтед, откако Аргентинецот го воскресна клубот од „Иланд роуд“, кој моментно се наоѓа на првото место на табелата во Чемпионшип-дивизијата, на добар пат да обезбеди влез во Премиер-лигата.

Врвниот стратег во пресрет на празниците доби и своја песна од фановите, под наслов „Рапсодија Биелса“, а еден дел од текстот е посветен и на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и неговата „навика“ – да заглави во офсајд ситуација.

Сега кога секојдневно си тренер на Алиоски, можеш ли да го научиш што значи правилото за офсајд“ – фатија сеир фановите на сметка на нашиот интернационалец.

 

Се вчитува...