Наум Бабачев во стручниот штаб на Охрид

Поранешниот ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории, Наум Бабачев-Бабак е приклучен во стручниот штаб на сениорскиот состав на РК Охрид, предводен од Раде Стојановиќ.

Бабачев улогата на асистент ќе ја извршува заедно со Филип Јовановски. Стручниот штаб на Стојановиќ го комплетира Зоран Георгиески кој е тренер на голманите.

Охриѓани во моментов се подготвуваат за турнирот во Струга каде ќе ги одмерат силите со Вардар, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 во групната фаза. Турнирот во Струга ќе се одржи од 12. до 16. август.

Се вчитува...