Наумоски: Добивме противник по мерка но мораме да бидеме внимателни

Шкупи веќе утре за прв противник ќе го има Линколн Ред Импс од Гибралтар во воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Капитенот на Шкупи, Кристијан Наумовски потенцираше дека Шкупи добил ривал по мерка, сепак, тоа не значи дека ќе биде лесно.

„Ќе биде привилегија да играме со Динамо, но одиме прво на Линколн и мислиме само на овој двомеч па после ќе мислиме на другите предизвици. Сакаме да го решиме мечот тука и ако имаме шанса ќе ја искористиме. Ќе дадеме се од себе на двата меча“, изјави Наумовски.

Македонскиот шампион, во вторник (20.45 часот) ќе ја отвори новата европска сезона со пресметката со Линколн.

Се вчитува...