Наумоски не дава да биде сменет: Ова е пуч

Нов преседан е на повидок на македонската кошаркарска сцена, откако Петар Наумоски одбива да го внесе во дневниот ред барањето на Работнички и Куманово, за гласање недоверба на актуелниот претседател на МКФ. Иако согласно правилникот за работа постои можност било кој делегат со соодветна поддршка да побара внесување на нова точка во дневниот ред, Наумоски свесен за сопствената немоќ се обидува воопшто да не дојде до гласање.

Претходно имаше конфликт околу верификацијата на правото за глас на Здружението „три на три“, она кое Наумоски го смета за „вистинско“, наспроти она ланското кое тогаш гласаше за него, а сега му го сврте грбот. Потоа, претседателот им порача на оние кои подготвуваат негова смена да го сторат тоа преку Вонредно Собрание.

Според Статутот и деловникот, претседателот во рок од 15 дена треба да се изјасни и да закаже Вонредно Собрание. Такво нешто сте можеле да сторите во претхоните 15 дена, а сега поднесувате барање на десет минути пред стартот на Собрание. Редовно собрание не служи да се гласа за доверба или недоверба за претседателот“ – истакна Наумоски, очигледно непознавајќи ги доволно правилниците за работа.

Потоа, тој испрати и порака до „опозицијата“:

Заборавете го овој начин на пуч, соберете една третина од гласовите, а федерацијата ќе ви одговори“.

Се вчитува...