Наумовски продолжува на Малта

Поранешниот репрезентативен голман Кристијан Наумовски има нов интернационален предизвик. Тој потпиша договор со Биркиркара и кариерата ќе ја продолжи на Малта.

Тој во изминатите две години беше во Хонг Конг и го носеше дресот на Пегасус, а во последните два месеци тренираше со Работнички чекајќи нов трансфер во странство. За негова среќа, сега ќе игра на Малта.

Биркиркара е еден од најпознатите клубови на Малта, кој по првиот дел од сезоната се наоѓа на средината на табелата во домашното првенство.

Се вчитува...