Фудбалот е навистина „Equal Game“. Јане Велковски, момчето кое боледува од мускулна спинална атрофија, како специјален гостин на „Олф Трафорд“ го следеше вечерашниот меч од Лигата на шампионите во ВИП – ложата на стадионот, заедно со семејството на Пол Погба. Токму на негова покана, откако претходно комуницираа на Инстаграм, Јане замина во Англија да го следи мечот меѓу Манчестер јунајтед и Севилја.
Заедно со своето семејство, Јане Велковски го следеше мечот со семејството на Пол Погба, неговата мајка и неговиот брат. Имаше интервју за ТВ Манчестер јунајтед, се дружеше со Пол Погба пред почетокот на мечот, доби подароци, се возеше со неговиот автомобил…За ова момче сонот стана реалност, а следната желба која сите посакуваме да му се исполни, е да ја надмине болеста и самиот да заигра фудбал – против Пол Погба!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА