Жозе Мурињо тактички беспрекорно го подготви Реал Мадрид за вечерашниот дуел на „Камп Ноу“, па португалскиот стратег имаше причина за задоволство по големата победа со која неговиот тим целосно се врати во трката за титулата.
„Специјалниот“ ладен како шприцер го прослави првиот погодок на Мбапе, но затоа имаше ерупција од воодушевување кога Французинот по вторпат стрелаше прециизно, за победа во самиот финиш.
Мурињо не можеше да се воздржи, па на колена се лизгаше пред аут–линија, еуфоричен по големиот успех со кој докажа – каталонскиот гигант не е непобедлив во Примера.
Прославата на португалскиот стратег по победничкиот погодок на Мбапе можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
