Навивач на Јунајтед го спореди клубот со третолигаш, па доби брутален одговор

Манчестер Јунајтед гостуваше вчера на „Енфилд“ и доживеа тежок пораз од 4-0. Овој пораз предизвика бројни реакции на навивачите. Еден од нив го спореди великанот од „Олд Трафорд“ со англискиот третолигаш Шрусбери Таун, а потоа доби одговор од тој клуб каков што не се надеваше.

„Изгледаме како Шрусбери на Енфилд“, беше коментарот на навивачот на „Твитер“, алудирајќи на натпреварот на почетокот на оваа година кога овој тим гостуваше на „Енфилд“ во рамките од ФА Купот. Тогаш треголигашот беше поразен со 1:4, по што следуваше коментар од третолигашот.

„Ние оваа сезона дадовме гол на Енфилд. Вие не“, беше одговорот од Шрусбери.

Се вчитува...