Навивач влезе на терен, реакцијата на Касемиро е хит (ВИДЕО)

Бразилецот Касемиро ги воодушеви сите со реакцијата на стадионот на Кристал Палас, откако навивач влезе на теренот. Во вториот дел до бразилскиот фудбалер дотрча навивач. Иако тоа не е дозволено, не го сопреа обезбедувањето, додека играчите и главниот судија само немо посматраа.

Касемиро најпрво го смири судијата, а потоа навивачот направи селфи со Бразилецот, и му даде и бакнеж. Обезбедувањето и натаму го немаше, а реагираше кога гледачот ја „заврши работата“ и мирно се упати кон трибините.

Натпреварот Кристал Палас – Манчестер Јунајтед заврши без победник 1-1.

Се вчитува...