Навивачите го опколија Артета и му порачаа: Ова е најлошиот Арсенал од 1903 година

Фудбалерите на Арсенал не само што не освоија бод во првите две кола од Премиер лигата, туку и не постигнаа гол. Навивачите на клубот од Лондон се бесни по поразот во градското дерби од Челси (0-2), а уште повеќе ги боли најлошиот старт на „топџиите“ во последните 118 години.

Приврзаниците на Арсенал бараа менаџерот Микел Артета да го напушти клубот за време на двобојот со Челси, а по дуелот на „Емирати“ го опколија автомобилот на шпанскиот тренер и јасно му кажаа што мислат за неговата работа. Артета излезе од „обрачот“ со помош на чуварите.

„Топџиите“ се една од четирите екипи (Барнли, Њукасл и Норич) кои немаат ниту еден бод по две одиграни кола.

 

 

 

 

Се вчитува...