Навивачите на Астон Вила гневни што добија обложувалница за спонзор

Здружението на навивачи на Астон Вила е загрижено поради одлуката на клубот да добие нов спонзор, чие име ќе биде испечатено на предниот дел од дресот. Според навивачите, одлуката да стане обложувалница нивен спонзор покажува игнорирање на забраната за спонзорства со компании кои промовираат спортско обложување и обложување воопшто и е само желба да се „земат пари“.

Астон Вила има договор со азиската онлајн обложувалница „БК8“ до крајот на сезоната 2025/26 кога сите англиски клубови треба да ги отстранат спонзорските реклами поврзани со обложување од предниот дел на нивните дресови.

Норвич го раскина нивниот договор со истата компанија во 2021 година, откако навивачите три дена протестираа дека договорот е лош, а сето тоа поради генерално прибегнувањето кон сексистички реклами во кои се вклучени многу млади девојки.

„Иако сме свесни за реалноста, за жал чувствуваме дека клубот не ги слуша легитимните поплаки на навивачите за улогата на обложувалниците во спонзорските договори. Овој договор е само обид во последен момент да се заработат пари пред да бидат забранети ваквите видови договори. Иако сите сакаме клубот да биде што е можно поуспешен, тоа не треба да се случува така што навивачите да бидат изложени на огласи за обложување на таков експлозивен начин“, стои во соопштението на навивачите на Астон Вила. 

Се вчитува...