Навивачите на Барса во неверување: Умтити го продолжи договорот до 2026

Секој преоден рок има шпекулаци и информации за негово заминување, а Самуел Умтити денеска стави потпис на нов договор со Барселона. Летоска Барселона нудеше и раскин на договорот, но Умтити одби. Одби и позајмица во друг клуб и кажа дека ќе го почитува договорот.

Изненадување претставуваше фактот дека Умтити го продолжи договорот со клубот до лето 2026 годна.

На навивачите не им беше јасно зошто играчот кој сите го отпишаа, сега одеднаш го продолжи договорот. На челниците на клубот очигледно им беше јасно дека тој одбива да замине, па најдоа одлично решение.

Со новиот договор, Французинот ќе заработува многу помалку од досегашната плата. Тоа за Барселона се одлични вести и сега ќе може да го регистрира Феран Торес.

Во Барса речиси извесно е дека доаѓа и Столе Димитриевски.

Се вчитува...