Навивачите на Фиорентина незадоволни од новото лого на клубот: Не ви е ова американски „сокер“, туку Калчо

Навивачите на Фиорентина жестоко се противат на новото клупско лого кое беше најавено од страна на раководството на клубот. Една недела откако беше претставено логото, навивачите на Фиорентина поставија транспаренти низ градот, со кои се противат да се промени грбот.

„Ова не е американскиот „сокер“, туку италијанско Калчо“, стои на еден од транспарентите.

Новото лого е претставено на 25. март. Изработено е нешто во минимален стил од претходното лого.

Се вчитува...