Навивачите на Интер до сопствениците – „Внимавајте… Ветувањата треба да се исполнат“

Навивачите на Интер истакнаа банер во Милано со кој упатија порака до раководството на клубот за тоа што мислат околу продажбата на Ромелу Лукаку. Челси официјално испрати понуда од 130 милиони евра за Белгиецот, а од Интер веќе размислуваат за негова продажба.

Сепак, најверните фанови на клубот не се сложуваат со тоа и веќе испратија предупредувачка порака до раководството на клубот.

„Внимавајте… Ветувањата треба да се исполнат“, напишаа тие. 

 

Се вчитува...