Навивачите на Интер им упаднаа на фудбалерите во хотел (ВИДЕО)

Манчестер сити и Интер вечерва од 21 часот во Истанбул го играат фудбалскиот натпревар на годината, финалето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ на мечот влегуваат со фаворитската улога, но Интер и тоа како има свои адути кои ќе сака да ги искористи за да дојде до трофејот.

A, и поддршката за Интер е бурна и жестока токму и поради аутсајдерската улога на тимот на Симоне Инзаги. Италијанските навивачи ги дочекаа пред хотел своите миленици, некои од нив пробивајќи се и покрај обезбедувањето на хотелот. Следеше навивање во фоајето на хотелот, по што беа замолени да излезат како не би ги вознемирувале фудбалерите…

Се вчитува...