Навивачите на Јунајтед бараат казна за Ерлинг Халанд

Еуфоријата од освоената титула со Манчестер Сити во Премиерлигата може да го чини Ерлинг Халанд настап во финалето од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Имено, при интервјуто на прославата Норвежанецот искористи пцовки објаснувајќи колку го сака Џек Грилиш, а и покрај тоа што многумина потегот го карактеризираа како симпатичен, такво мислење немаат навивачите на Манчестер Јунајтед според кои голгетерот треба да добие забрана за настап од два натпревари.

Тие се сетија на сличен инцидент од 2011 година кога за користење на пцовки блиску камера беше казнет Вејн Руни. Интересно, поради истата Англичанецот го пропушти токму полуфиналниот натпревар од Купот против „граѓаните“.

Се вчитува...