Навивачите на Јунајтед бараат отказ на Оле, но и продажба на Мегвајер и неколку фудбалери

Дека на Оле Гунар Солскјер му се одбројани деновите во Манчестер Јунајтед, тоа е јасно после вчерашниот пораз од Манчестер Сити. Градското дерби го доби синиот тим, а Оле сега стравува од отказ, откако тој самиот вчера изјави дека нема намера да си даде оставка.

Низ социјалните мрежи од страна на лутите навивачи на тимот од Олд Трафорд, можеше да се прочитаат коментари во кои бараат конечно разрешување на Оле Гунар Солскјер од позицијата прв тренер на екипата, но и продажба на неколку клучни играчи. Пред се во прв ред е капитенот Хари Мегвајер, а тука се исто така и неколку други играчи кои константно се во слаба форма како што се Шо и Погба. Исто така се бара поголема ангажираност од Џејдон Санчо, од кого се очекуваше многу кога беше ангажиран од Борусија Дортмунд.

Мегвајер се најде на удар на критичарите со неговите слаби изданија и киксови на големите натпревари.

„Нашиот капитен не заслужува ни да игра, а не да биде капитен“, стои во еден од коментарите.

Се вчитува...