Навивачите на Јунајтед бесни на Марсијал: Веднаш да го напушти клубот

Манчестер Јунајтед оствари минимална победа против Борнмут во 37. коло од Премиерлигата, а со оглед на ремито на Ливерпул против Астон Вила, тимот на Јунајтед е блиску до обезбедување место во Лигата на шампионите.

Во споменатиот меч не се прослави Антони Марсијал, кој беше стартер, а направи глупост кога во 57. минута ја напушташе играта. Измената не му се допадна на Французинот, па наместо на клупата, тргна веднаш во тунелот на стадионот и во соблекувалната притоа правејќи гримаса кон Тен Хаг.

Со тоа го навлече гневот на навивачите кои бараат веднаш да го напушти клубот.

„Тој треба да добие отказ“, стои во објавата на еден навивач.

„Марсијал треба да се навикне да излегува од игра и да се навредува. Ова е срамота после ваква изведба“, стои во објавата на друг.

Се вчитува...