Навивачите на Јунајтед го блокираат тренинг центарот на клубот

Навивачите на Манчестер Јунајтед го блокираа влезот на тренинг центарот на својот тим како протест на раководството на клубот семејстовото Глејзер. Откако во неделата беше објавено дека 12 европски клубови се здружија за формирање на Суперлига, меѓу кои и Манчестер Јунајтед почнаа големи протести на навивачите.

Ниту еден од вистинските фанови на клубовите не сакаат да се формира ова натпреварување, па многу од нив излегоа на протести низ улиците на своите градови. На истото се одлучија и од Манчестер Јунајтед. Навивачите и покрај тоа што пропадна проектот денеска го блокираа влезот на тренингот центарот, а успеаја да влезат и на терените.

 

Се вчитува...