Навивачите на Јунајтед со очекувани скандирања го провоцираа Меси

Барселона синоќа славеше со 0-1 на гостувањето против Манчестер јунајтед во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим тактички одигра одличен натпревар успевајќи да дојде до значајна победа. Но, главна опсесија на домашните навивачи во текот на мечот секако беше Лионел Меси. Па, дури и за време на еден прекин кога Аргентинецот имаше лекарска интервенција по еден удар во лице од страна на Смолинг, од трибините се слушаа постојани провокации. Очекувани… Навивачите на Јунајтед не престанаа да му скандираат: „Роналдо, Роналдо…“, но Аргентинецот секако остана без реакција.

Меси по мечот потенцираше дека не е задоволен од својата партија на „Олд Трафорд“, но е задоволен што тимот се враќа со победа.

Се вчитува...