Јунајтед или Јувентус: Црно-бели дресови на „ѓаволите“ за следната сезона (ФОТО)

Манчестер Јунајтед и сезонава не игра на нивото на кое што се очекува од најтрофејниот англиски клуб. Јасно е дека за летово се потребни големи промени доколку клубот сака повторно да биде во врвот на англискиот и европскиот фудбал, но паралелно со планот за играчкиот кадар се планираат и „технички детали“ околу изгледот за наредната сезона.

На интернет се појави фотографија од изгледот на третата гарнитура на дресовите за сезоната 2020/2021. Навивачите на „црвените ѓаволи“ останаа во шок кога видоа каков ќе биде изгледот на новите дресови. На нив доминираат црната и белата боја, но дизајнот според многумина е „криминален“.

Се вчитува...