Навивачите на Јувентус не сакаат „подарена“ титула, Ањели се согласува

Критичната ситуација со коронавирусот во Италија направи сериозно голем удар на спортот општо, а со тоа и на фудбалот, првенствено на Серија А во која до крајот од сезоната остануваат уште 12 кола. Со оглед на бројноста на заболени и на смртните случаи во државата, јасно е дека фудбал нема да има уште долго. Во Серија А се разгледуваат повеќе опции за начинот како да се комплетира шампионатот. Една од опциите е и прекин на првенството заклучно со одиграното последно коло со што титулата би му припаднала на Јувентус.

Сепак навивачите на Јувентус не се согласуваат со ваквото решение. Тие веќе покренаа и петиција преку социјалните мрежи со која бараат титулата да не биде прифатена ако сезоната биде прекината. Со ваквиот став се согласува и претседателот на клубот, Андреа Ањели кој со „лајк“ на една од ваквите објави на Твитер изрази поддршка.

Јувентус во моментов е водечки на табелата со 63 бода, само еден повеќе од второпласираниот Лацио. Во меѓувреме клубот и играчите договорија намалување на платите за вкупни 90 милиони евра што е околу 33 проценти од трошокот кој оди на плати на фудбалерите и на стручниот штаб.

 

Се вчитува...