Навивачите на Ливерпил можат мирно да спијат: Салах останува на „Енфилд“

Менаџерот на Мо Салах, Абас Иса ги смири шкелулациите на шпанските медиуми за можно заминување на египетскиот репрезентативец од Ливерпул доколку тимот не се избори за место во Лигата на Шампиони.

„Црвените“ мака мачат во сезоната, по 23 одиграни натпревари се наоѓаат девет бода зад четврата позиција, но со два натпревари помалку од Тотенхем. А, и доколку се се најдат на едно од местата кои водат во најелитното натпреварување на крајот на сезоната, искусниот голгетер ќе остане во тимот и за предизвиците кои следат.

„Тоа не е точно. За тоа никогаш не сме ни дискутлирале. Не ни било ни на памет“, вели Иса.

Мо Салах кој оваа сезона постигна 19 гола во „црвениот“ дрес, има договор со Ливерпул до 30. јуни 2025 година.

Се вчитува...