„Навивачите на Ливерпул треба да сфатат дека Слот не е Клоп, не е доволно добар како Јирген“

Разочарувачката сезона за Ливерпул продолжи и на натпреварот против Нотингем Форест на кој „црвените“ го доживеаја и шесттиот пораз во последните седум натпревари.

Новиот пораз донесе нов бран на критики и кон Арни Слот. Овој пат од легендарниот англиски репрезентативец Вејн Руни кој има еден совет до холандскиот стратег.

„Да сум на местото на Арни Слот би се обидел да донесам голема одлука, ако ништо друго да видам каков ефект би имала таа на останатиот дел од тимот. Салах не помага на тимот во одбраната. Поминуваат низ тежок период. Треба да ја земеме во обѕир и трагедијата која се случи со Диого Жота. Каков ефект има тоа на играчите бидејќи загубија соиграч и пријател. Сосема сигурен сум дека влијае тоа на нив. Но, едностано нема изговор за тоа што се борат и не напаѓаат“, вели Руни.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед додава и дека Слот не треба да се споредува со Клоп бидејќи неговото време е минато.

„Важно е дека и во овој момент и при вакви резлтати често се споменува името Јирген Клоп. Тоа е како присуството на Алекс Фергусон. На пример, кога Мојс дојде во Манчестер Јунајтед, па потоа и Ван Гал, постојано се споменуваше Фергусон. Сега е така и со Слот, името на Клоп постојано „искокнува“. Тој не е Јирген Клоп, не е добар како Јирген Клоп. Мислам дека навивачите на Ливерпул едностано мораат да го сфатат тоа“, додава Руни.

Се вчитува...