Навивачите на Манчестер Јунајтед подготвија барања за раководството на клубот

Откако во текот на вчерашниот ден навивачите на Манчестер Јунјатед упаднаа на „Олд Трафорд“ поради што мораше да биде одложено големото дерби против Ливерпул, протестите продолжија и денеска низ улиците на Манчестер.

Сега истите се одвиваат околку стадионот, а како што ненесуваат англиските медиуми, навивачите веќе ги испратиле и своите барања до раководството на клубот, семејството Глејзер кои се состојат од четири точки.

  1. Очекуваме отворено да се ангажирате за ревизија на сопственичката структура на клубот, во која одреден дел од клубот ќе припаѓа на навивачите.

  2. Бараме именување на независен директор кој ќе биде во управниот одбор на клубот, кој ќе врши единствена функција, а тоа ќе биде одбрана на интересите на клубот, а не на неговите акциониери.

  3. Неопходно е да постои соработка помеѓу навивачките групи, но и останатите симпатизери на Манчестер Јунајтед и управата на клубот

  4. Клубот мора да се обврзе на консултација со сопствениците на сезонските карти за секои значајни промени во иднина, вклучувајќи и такви за учество во некои нови натпреварувања.

 

 

Се вчитува...