Навивачите на Њукасл во „транс“ – слават на улиците за новиот газда (ВИДЕО)

Њукасл Јунајтед го очекува светла иднина откако Шеикот Мухамед бин Салман од Саудиска Арабија и официјално го превзема клубот од „скржавиот“ газда Мајк Ешли. Со тоа Њукалс стана клубот со најбогат газда на „Островот“, а очекувањата се дека „црно-белите“ ќе тргнат по стапките на Манчестер Сити.

Тоа изрази големо задоволство кај навивачите на овој клуб кои долги години чекаа на позитивни вести за својот клуб кој во минатото се бореше да го задржи своето место во Премиерлигата, а оваа година има катастрофален почеток на сезоната со само три освоени бода по седум одиграни натпревари.

Се вчитува...