Навивачите на Олимпијакос гневни кон Слукас: Ти си лажго и предавник

Преминот на Костас Слукас од Олимпијакос во Панатинаикос ја шокира кошаркарската јавност како ретко кога досега. Со тоа „зелените“ се одмаздија за случајот „Василис Спанулис“, а исто како и во 2010 година трансферот наиде на големо незадоволство кај навивачите, овој пат оние кои носат „црвено-бело“.

Неколку дена по објавата на соработката со соопштение излезе и навивачката група на Олимпијакос која го нарече Слукас предавник кој цело време продавал бајки на фамилијата Олимпијакос.

„Главната причина поради која си лажго и предавник е тоа што кога ти рековме доколку не се сложуваш со тренерот барем немој да преминеш во Панатинаикос ти скокаше и кажа како нема да одиш таму па и да ти дадат 10 милиони евра.

Ти кажавме дека тоа веќе го имаме слушнато и те советувавме да не реагираш така остро. Одговори дека никогаш не си бил предавник и дека веќе си одбил многу пати за да останеш во Олимпијакос. 

Се наведено докажува дека целото време си глумел, дека оддамна си разговарал со нашите непријатели и си продавал бајки на нас и на целата фамилија Олимпијакос“, стои во дел од соопштението.

Се вчитува...