Навивачите на Партизан во транс – Обрадовиќ: Потпишав! (ВИДЕО)

Главна тема за Партизан е дали Жељко Обрадовиќ и натаму ќе остане дел од тимот и ќе потпише нов договор. Навивачите на овој тим популарните „Гробари“ пред мечот со Басконија во Евролигата, скандираа и порачаа тимот да потпише нова соработка со тренерот.

„Сакаме договор за Жељко“, ечеше во салата во Белград.

Сепак, атмосферата достигна врв кога самиот Обрадовиќ со гестикулација им покажа на сите дека потпишал, веројатно нов договор со „црно-белите“, на огромно задоволство на сите симпатизери на Партизан.

Се вчитува...